Угостителите бараат да има свадби без жива музика

by fokus

Угостителите кои организираат свадби денеска излегоа на нов протест пред Владата и ја повикаа Комисијата за заразни болести да дозволи да работат според постојните протоколи. Угостителите бараат наместо класични свадби со жива музика, да можат да организираат само свечена вечера со постојните протоколи и работно време кои важат за сите угостителски објекти.

-Бараме да ни дозволите да работиме според постоечките протоколи и да можеме да правиме свечен ручек. Ако не почнеме со работа ни се заканува целосен пад на нашата индустрија. Тоа ќе се одрази со губење на работни места, стечајни постапки, извршители, а ќе се одрази и врз нашите доверители, изјави Перица Голомеиќ.

За забраните за работа реагираа и неколку здруженија на музичари, кои велат дека се револтирани од предлогот на угостителите да се организираат свечености без жива музика.

И угостителите и музичарите најавија протести доколку Владата не им излезе во пресрет и не ги прифати нивните барања.

Поврзани новости