Угостители организираат свадби, имаат поголем број маси, без доволно растојание, констатираа инпекторите

by fokus

За три свадби организирани во угостителски објекти во Тетово, Боговиње и Арачиново, Државниот пазарен иснпекторат по спроведена контрола има поднесено кривична пријава за прекршување на протоколите за работа. Со новите измени што веќе се во собраниска процедура, инспекторатот ќе може и да издаде решение за забранана дејност од 10 до 30 дена и како и глоба која ќе зависи од големината на правниот субјект.

Овие кривични пријави се дел од извршените 2523 контроли и дополнителните 613 вонредни инспекциски надзори што ги извршил Државниот пазарен иснпекторат во период од 19 до 25 октомври годинава, а ги соопшти на прес-конференција денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филипоска-Грашковска.

Инспектортот изрекол и четири кривични пријави за угостителски објекти во Гостивар и една во Скопје поради прекршување на протоколот за работа, односно неводење сметка за бројот на поставените маси, растојанието и неносење маски од страна на персоналот.

Инспекторите од овој инспекторат поднеселе и 19 прекршочни пријави, а издале и 66 решенија и 29 прекршочни платни налози по материјалните закони.

Шесте инспекторати во овој период, како што рече Филипоска-Грашкоска, извршиле 3959 контроли и истакна дека сите инспектори работат со полн капацитет и вршат засилени контроли при што се постапува неселективно доклку се забележи прекршување.

Потенцира дека инспекцискит служби продолжуваат со работа на терен и дека непочитувањето ќе се сакционира без исклучоци.

-Нема толереација за прекршителите на протоколите, рече таа и додаде дека откако ќе бидат донесени законските измени и објавени во Службен весник, инспекциските служби обиваат поголеми надлежности и при утврдување на неправилноста инспекторите од сите инспекторати ќе имаат можност на лице место да изречат забрана за дејност од 10 до 30 дена, како и изрекување глоба.

Поврзани новости