Олимписки федерации: Тупурковски и Поповски како приватна забава и фамилијарен бизнис го сфаќаат Олимпискиот комитет!

by fokus

Олимпискиот Комитет предводен од Претседателот Васил Тупурковски и генералниот секретар Сашо Поповски уште еднаш покажаа дека Олимпиското Движење го сфаќаат како нивна приватна забава, и фамилијарен бизнис, рушејќи ги сите начела на олимпизмот со не дозволување на демократија, ЈАВНОСТ, и нормално функционирање, обвинуваат од Олимписките федерации.

-Ние, Олимписките федерации се бориме да се смени оваа пракса, Олимпискиот комитет и сите случувања во последните неколку дена ни се потврда дека нашата борба е оправдана и легитимна.

Точка 1
Управниот одбор самостојно презема ингиренции над собранието со донесување на дискриминаторски критериуми при кандидирање што е незаконито и непредвидено во статутот.

Точка 2
Затоа што се прифаќа како делегат во собранието претставник на непостоечка пливачка федерација , а не се прифаќа претставник од легитимна пливачка федерација.

Точка 3
На чуден начин, на 24 часа пред одржување на собранието на МОК , не статутарно се доведува под знак прашалник кандидатурата на еден од кандидатите, со што е направено грубо прекршување на олимписката повелва и процес.

Заради сите овие прекршувања на законите и статутот на олимпискиот комитет , сакајќи да си направат приватна забава, Тупурковски и Поповски , сакаме да алармираме во јавноста и да ги предупредиме дека тоа нема да го дозволиме и соодветно на сето ова ќе поднесеме и кривични пријави, за злоупотреба на службена должност и должност, велат од Олимписките федерации.

Поврзани новости