466
За безбедноста на Суперкупот ќе бидат ангажирани околу 2.000 полициски службеници. Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат распоредени на граничните премини за прифаќање и придружба на навивачите на двата клуба до Скопје, пренесува НоваТВ.
Сите недостатоци кои УЕФА ги нотираше се отстранети и Супер купот ќе може непречено да се одржи во август во нашиот главен град.
„Сите недостатоци кои беа нотирани од страна на УЕФА на Телеком арената во Скопје се отстранети. Супер купот може непречено да се одржи. УЕФА доаѓа во контрола во понеделник. На нас останува да се покажеме како гостопримливи домаќини – истакна Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.