УЕФА ќе „удри“ по богаташите од Манчестер сити

by fokus
Европската фудбалска централа (УЕФА) размислува следната година да го остави Манчестер сити надвор од ждребот за Лигата на шампионите, објави англискиот весник „Гардијан“.
Според извор на изданието, оваа можност била дискутирана поради вештачкото „надувување“ на договорите со спонзорите, соодветно и приходите.
Според правилата за финансиско ферплеј, колку повеќе троши некој клуб, толку повеќе треба и да заработува.
„Гардијан“ тврди дека сопственикот на Манчестер Сити самиот покрива дел од трошоците на клубот. Тој, исто така, го финансира англискиот клуб без официјални документи.

Поврзани новости