Четириесет и едногодишен скопјанец е тешко повреден откако удрил во метални столбчиња, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 23.30 часот во близина на салата „Борис Трајковски“, мопед „Јијинг“, управуван од И.З. (41) година од с.Бардовци, скопско, удрил во рабник и метални столбчиња на тротоарот. Притоа, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Сопатникот на мопедот, осумгодишно дете, со друго возило било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.