442
Четворица се потешко повредени во сообраќајка откако автомобил удрил во електричен столб, информираат од МВР.
Според полицијата, вчера околу 08.00 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, патничко возило„ БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш. (25) од с.Мала Речица, тетовско, изгубило контрола и удрило во метален електричен столб и украсно дрво на зелената лента. Од ударот четворица сопатници во возилото на возраст од 16,24,33 и 34 години од Мала Речица и Тетово се здобиле со повреди.
Тие биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде им била укажана лекарска помош и биле задржани на понатамошно лекување.