Стар дедо натепал двајца полицајци

by Fokus

Стар дедо нападнал двајца полицајци додека ја извршувале својата службена должност, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 17.00 часот во с.Карбинци двајца полициски службеници биле физички нападнати од лицето М.К. (73) од с.Карбинци. Полициските службеници преземале службени дејствија по претходна поплака против М.К., кој во еден момент физички ги нападнал полициските службеници. М.К. бил совладан и приведен во Полициската станица Штип. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости