357
Вчера во 19:40 часот во Скопје, на патот од Визбегово кон населбата Шуто Оризари, С.Ш. (48) управувајќи работна машина за сечење дрва, удрил во патничко моторно возило „Опел вектра“ со скопски регистерски таблици управувано од М.Д. (57), при што работната машина се превртела.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш. и неговиот сопатник Е.Ѓ. (58) и двајцата со возило на итната медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Е.Ѓ. набргу по пристигнувањето на клиниките починал, додека пак С.Ш. им подлегнал на повредите неколку часа подоцна.
Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје извршиле увид на местото на настанот.