Удар продолжува со протестите, во сабота повторно пред Собрание

by Фокус

Граѓанската иницијатива Удар, која е формирана преку социјалните мрежи продолжува со протестите, а следниот протест е закажан за сабота во 17  часот пред Собранието. Од таму, тие планираат да повикаат да се направи попис на населението, целосна финансиска ревизија на проектот „Скопје 2014“, решавање на проблемите на загрозените групи и слобода на медиумите.

„Иницијативата „Удар – За Македонија се работи” се бори за подобра Македонија затоа што ни е доста од: повеќе од 30% невработеност; здравството да тоне додека министерот си игра видео игри со операции; евро-атлантската интеграција е уназадена; да се бориме за човекови права а семејни насилници да се шетаат на слобода и убиваат; Владата да се залага за социјална правда, а да има безброј лица со инвалидност измамени за вработување“, соопштува Удар.

 

Поврзани новости