Училиште „Лазо Трповски“: Имаме 6 позитивни наставници на ковид и двајца чекаат резултати

by Fokus

Од основното училиште „Лазо Трповски“ во скопската општина Карпош во изјава за „Фокус“ тврдат дека досега имаат потврдено шест заразени наставници, а дека уште двајца чекаат резултати.

„Денеска кај нас имаше вонреден инспекциски надзор и е потврдено дека носители на вирусот во моментот се 6 наставници и двајца чекаат резултати. Имаме уште 10 кои биле заразени за време на распустот, но тие се пост ковид и се нагативни.

 

Сите се заразиле од различни места, а не преку трансмисија од еден на друг. Некој се заразил од детето дома, друг се заразил од роднини“, информираа од основното училиште.

Од таму уште додаваат дека во училиштето се почитуваат сите протоколи и дека тоа е забележано и во записникот на инспекторот од ДСЗИ.

„Училиштето работи според сите протоколи. Се мери температура на влезот на вратата на сите ученици, потоа се прскаат со дезинфекциони средства. Во секоја училница има топломер. Досега имаме само 8 позитивни ученици.

 

Исто така има и две соби за изолација. Има три влезови и сите влегуваат од различен влез. Немаме трансмисија од наставниците. Сите совети и состаноци на наставниците се одвиваат онлајна, тврдат од училиштето.

Во училиштето има 53-ца вработени и 493 ученици.

„Фокус“ претходно објави дека има повеќе заразени наставници во основното училиште „Лазо Трповски“ во скопски Карпош, каде што во моментот се извршуваше вонреден инспекциски надзор.

Ирена Мулачка

Поврзани новости