„Јашар-бег“ и „Хасан Приштина” ова се новите имиња на училиштата „Јане Сандански” и „Цветан Димов” кои се наоѓаат во скопската општина Чаир.
Градоначалникот Изет Меџити вчера ги објави решенијата за преимењување на овие училишта.
„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот со што се менува и имињата на училишта („Јане Сандански” станува „Јашар-бег во Скопје” и на „Цветан Димов” во „Хасан Приштина “)“, стои на ФБ профилот на градоначалникот Меџити.
Двете одлуки на МОН се со потпис на министерот Абдилаќим Адеми (датум 08.06.2015), а до Министерството за образование биле испратени на 28.10.2014 .
„Во текот на постапката за промена на имињата се испочитувани сите законски одредби“, вели Меџити.