55
Еден ден пред изборите, во вторник, ќе работат училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе биде сместен избирачкиот материјал.
„ Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.
Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи следната среда на 24 април.
Владата вчера донесе одлука 24 април и 8 мај, да бидат неработни и да не се одработуваат.