Учеството на Израел на Евросонг се соочи со противење од некои земји-учеснички поради војната во Газа. Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) соопшти дека неодамнешниот развој на настаните на Блискиот Исток ја натерале да го откаже виртуелниот состанок за гласање по ова прашање, закажан за ноември. Се наведува дека учеството на Израел наместо тоа ќе се дискутира на состанок во живо во декември, иако не е јасно дали гласањето сепак ќе се одржи.
Оваа одлука доаѓа откако прекинот на огнот стапи во сила во петокот.
Сојузот минатиот месец објави дека ќе покани 68 земји-членки да го дадат својот став за тоа дали Израел треба да учествува на состанокот на Генералното собрание во ноември. Австрискиот национален радиодифузер ОРФ, којшто ќе биде домаќин на натпреварот в година, ја поздрави одлуката на ЕБУ.