Учениците во Пробиштип наместо на часови, ги повикуваат на протести: Кој ќе ја спречи злоупотребата?

by fokus 21:56
21:56

Претставници на Средношколската унија во Пробиштип преку пораки до учениците меѓу кои најголем дел се малолетни ги повикуваат да не одат на настава и со тоа да ја изразат подршката за барањата на „Заедничка Македонија”. И да се приклучат на протестите кои се најавени за утре во Пробиштип, реагираат социјалдемократите во Пробиштип кои ја осудиваат ваквата злоупотреба на учениците во партиски цели.

Во прилог на нивната реакција објавуваат и електронска порака што ја разменуваат ученици.

 

Општинската организација на СДСМ вели дека добиваат многубројни реакции од граѓани за интензивната мобилизација за приклучување на средношколците на протестот на иницијативата “За заедничка Македонија” во Пробиштип.

„Недозволиво е ученици да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза. Никој нема право да ги манипулира и да ги злоупотребува учениците за остварување партиски цели. Злоупотребата на учениците, за лични и за партиски цели е кривично дело и секој што ќе стори ваков прекршок ќе мора да одговара, а од директорот и од надлежните во Пробиштипската гимназија браме да ја почитуваат својата законска обврска да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби. ПРАШУВАМЕ, кој стои зад ваквата организација на протестите!?, реагира СДСМ Пробиштип.

Поврзани новости