477
Учениците од македонските паралелки во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ заедно со родителите и професорите утрово излегоа на протест. Наместо првиот училишен час, тие протестираа поради немањето елементарни услови за посетување настава.
Протестот започна пред зградата на Работничкиот универзитет, каде и годинава гимназијалците што следат настава на македонски јазик треба да ги одржуваат часовите, а заврши пред општина Тетово.
Во Општината дел од родителите и професорите беа примени на разговор.