Учебникот по историја за петто е повлечен од настава, бидејќи беше полн со грешки..
Министерството за образование и наука потврди дека од пред десетина дена учениците не го користат учебникот, а минатиот четврток е објавен и повик за формирање авторски тим кој ќе го изработи новиот учебник.
„Учебникот што досега го користеа петтоделенците е повлечен поради тоа што одредени содржини не одговараа на барањата од наставната програма со цел постигнување на планирани резултати од учењето и стекнување на потребни компетенции.
По повлекувањето на учебникот, наставниците продолжуваат да ја спроведуваат наставата согласно наставната програма“, изјавија од Министерството за образование и наука.
Здружението на историчари, кое ги пронајде бројните пропусти, смета дека одлуката за спојување на неколку учебници како дел од новата концепција во образованието е избрзана одлука. Според нив поради тоа дошло и до повлекување на учебникот.
Од Здружението на историчари сметаат дека нема да има заинтересирани за пишување на нов учебник, и следната учебна година петтооделенците па, петтооделенците нема да имаат учебник по Историја и општество. Сметаат дека никој од стручната фела не сака да учествува во изработка на учебник во кој механички се спојуваат неповрзани теми.
Учебникот на учениците им беше даден лани во декември, но по само неколку дена беа воочени низа нелогични информации.
Неделава петтооделенците на десет дена пред крајот на учебната година го добија учебникот по македонски јазик.