Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека во новиот случај „Таргет“ осомничени се 10 лица вработени во УБК од сите структури за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба при што биле загрозени основните човекови права.
-Осомничените лица на штета на држвата преку злоупотрба на системите за следење ги загрозиле оснонвните човекови права. Преку системите за следење незаконски била снимена комнукацијата на најмалку 4.276 броеви без судски наредби за следење. 1.541 броеви биле следени откако завршила судската наредба или пред да почне. Значи, најмалку 5.827 броеви биле незаконски прислушувани. Предмет на истражување беше работењето на системите од 2008-2015 година. Биле упоребени три различни системи, а доказниот материјал упатува дека тројца вработени спротивно на законот давале налози за внесеување и сами внесувале брови за прислушување за кои немало судска наредба, објасни Фетаи.
Според доказите, првоосомничениот кој бил на раководна позиција во УБК, пристапувал кон слушање на броевите кои биле и на негови блиски соработници, како и на новинари, политичари и бизнисмени.