Пругата кон Грција, сепак ќе се гради со државни пари

by fokus

Изградбата на железничката пруга кон Грција, која требаше да биди финансирана од европски ИПА фондови, сепак ќе се гради со пари од буџетот. Министерството за финансии веќе побарало во буџетот да влезе и железницата Битола-Каменица, дознава Алсат-М.

Ова следува откако изградбата на пругата беше сопрена, поради раскинување на договорот меѓу министерството и бугарската фирма „Водстрој“, која беше водечки партнер на конзорциумот составен од четири фирми.

Сепак, од министерството не потврдуваат дали ова беше причината за кратење на 20-те милиони евра од ИПА фондовите.

Сепак, во писмено соопштението, министерството веќе и најави на Владата, дека доколку проектот со новиот изведувач продолжи во 2018-та, останатите пари за целосно завршување на проектот треба да се исплатат од буџетот.

По раскинувањето на договорот пак, повеќе од домашните фирми подизведувачи поднесоа тужби до бугарскиот конзорциум за неисплатени плати за градежните работи.

Тогаш министерот за транспорт и врски Владимир Мисајловски им предложи на работниците да си ги бараат правата според договорите што ги потпишале со изведувачите. Рече договорот е раскинат договорот со конзорциумот од бугарски фирми поради непочитување на договореното. Најави дека ќе се активира наплата на банкарската гаранција, а дека пругата ќе продолжи да се гради откако на тендер ќе се избере нов изведувач.

 Минатата година пак, министерот рече дека таа ќе биде готова до крајот на јули 2016 година. Но, до сега, од 17 километри, е изграден е само еден километар пруга.

Поврзани новости