314
Пред Влада започнаа протестите со киои се одбележуваат 4 години од убиството на Мартин Нешковски.
Братот на убиениот Мартин Нешковски, Александар, побара обвинителството да ги процесуира вчера поднесените кривични пријави против Никола Груевски, Урко, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков.
На одбележување на 4-годишнината од убиството на неговиот брат, Александар заедно со мајка му и членови на неговото семејство се на чело на протестниот марш кој започна од пред владата.
„Целата ситуација затаи од врвот на власта, затоа и беа поднесени тие тужби вчера, по 4 години, и нередите кои се случија на протестите на 5. мај се последица на нефункционалноста на институциите“, рече Александар Нешковски.