488
Четириесет и тригодишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец е убиен попладнево во чајџилница на улица „Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, информира јавниот обвинител Бранислав Нешовски од Тетовското јавно обвинителство.
Убиството било пријавено околу 15:30 часот , а по извршениот увид бил утврден идентитетот на убиениот, а осомничен за убиството е Џ. О. со прекар Џафа од Тетово.
Според очевидците, тој во чајџилницата дошол со велосипед, со еден истрел во близина на срцето го застрелал Хасани и избегал од местото. Полицијата трага по осомничениот.