Мала група задоволни граѓани го поздравија задолжувањето на народот од страна на Владата!

by lali 20:15
20:15

(Скопје, 03.12.2015) – Рано изутринава, низ улиците на главниот град се вееа знамиња, се играше оро, се служеше топла ракија и имаше бесплатно гушкање од страна на неколкумина задоволни граѓани кои го прославуваа денот на задолжувањето на Владата со нови 72,6 милиони еврa.

„Видете, ваквите моменти се ретки за Македонија. Кај нас владее немаштија, владее сиромаштија, нема работа, па затоа кога ќе ти се појави прилика да земеш заем, не смееш да одбиеш. Тоа е доволна причина за славење. Се надевам во иднина дека ваквите задолжувања ќе станат почести и народот ќе има повеќе прилики да се радува на вакви остварувања од страна на Владата. Владата знае дека идинаната не е важна колку сегашност и затоа се грижи за своите граѓани!“ – низ солзи радосници ни раскажуваше еден од пресреќните граѓани.

- Advertisements -

Протнувањето под триуфалната капија е закажано за утре кога на оваа мала, но весела група на граѓани ќе им се придружи и Сојузот на пензионери затоа што е петок, а благодарение на Владата, тој ден тие со ЈСП можат бесплатно да патуваат низ целиот главен град.

Ова е уште една прилика каде Владата ги израдува своите граѓани, веднаш по веста дека Македонија е лидер во регионот по (стави било што по сопствен избор, нема да погрешиш затоа што Македонија е лидер во се!).

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости