1.4K
Полициски службеници од СВР Битола го денеска лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) кој околу 05.55 часот утрово во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С. (44) кој починал на местото.
Според пријавеното, С.С. претходно, со употреба на сила, влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која е негова поранешна сопруга.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.