Филипче: За жал почина млада пациентка, родителите се согласија за донирање на нејзините органи

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.

–Веројатно имаме потенцијал за уште една трансплантација. Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши, рече Филипче.

Поврзани новости