Убил четворица пациенти во психијатриска болница во Романија со држач за инфузија

by Фокус

Три дена откако доброволно се пријавил во психијатриска установа во романската општина Сапока, пациент уби четворица други пациенти со држач за инфузија.

До крвавиот напад дошто утрото околу три часот по полноќ, откако пациентот (38) со метален држач за инфузија го нападнал својот цимер, а потоа влегол во женското одделение, каде со истиот тој држач почнал да ги удира пациентките.

Напаѓачот, кој во оваа болница се пријавил по своја волја, е приведен од страна на полицијата, а во моментот на апсењето во рацете имал дел од држачот за инфузија со кој ги убил четворицата пациентки на возраст од над 60 години.

Поврзани новости