Шеќеринска: Две години по ред го зголемуваме воениот буџет и платите на војниците

by Фокус

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната централна свеченост во Охрид, по повод Денот на Армијата, им се заблагодари на припадниците на Армијата, на војниците, подофицерите, офицерите за нивниот придонес кон безбедноста и суверенитетот на нашата држава и за учеството во мировните мисии и помошта на граѓаните при елементарни непогоди.

-Наша задача е да ви обезбедиме најдобар тренинг, најдобра опрема и постојано внимание, да продолжиме да инвестираме во вас, во нашите луѓе и за нашите луѓе – рече Шекеринска, додавајќи две години по ред се зголемува буџетот за одбраната и се зголемуваат платите, а редовно се исплаќаат и јубилејните награди и дежурствата.

Воедно, таа истакна најави дека државата и Армијата одбројуваат до полноправното членство во Алијансата, за што, рече министерката, се прават и последните подготовки.

-Изработивме План за опремување и модернизација на вооружените сили, како дел од Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019 – 2028. Ги менуваме клучните закони и ги воведуваме НАТО правилата – истакна Шекеринска.

Поврзани новости