397
Лицето кое синоќа со нож уби полицаец во Куманово пред не цела недела излегол од Психијатриската болница во Скопје.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Куманово потврди дека лицето било психичко болно и повеќепати бил хоспитализиран.
Полицаецот вчеравечер беше убиен додека интервенирал по пријава за семејно насилство.
Убиството се случи во ромската населба Средорек, каде пријавениот ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во грбот.
Обвинителството побара притвор за сторителот.