Убиецот на новинарот Кашоги: Знам добро да сечам!

by Fokus

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска информираше дека на снимката од убиството на саудискиот новинар, Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, се слуша убиецот како кажува: Знам добро да сечам.

Според првиот човек на Турција, човекот кој се слуша на снимката е високорангиран припадник на војската и „вработен во мртовечница“ кој отворено раскажува дека може добро да го исече телото.

Турција констатираше дека 15 лица учествувале во убиството на Кашоги на 2-ри окромври, а аудио-записот е доставен до Судиска Арабија, САД, Германија и уште неколку земји.

Фото – Хасан Џамали

Поврзани новости