Кичевец на социјалната мрежа „Фејсбук“ тврди дека за убиството на 2-годишното девојче во овој западномакедонки град потфрлил системот.
Тој тврди дека таткото кој во моментов се сомничи дека го претепал до смрт своето двегодишно бебе претходно го ограбил овој граѓанин.
„За убиеното девојче од 2 години системот е крив. Ако некој праша зошто еве ви одговор: бидејќи го знам убиецот и како таков одамна требаше да биде процесуиран сега е за жал касно. Тој е човек кој кај мене влезе да краде. Па бидејќи полицијата не можеше да го пронајде бев приморан јас да го барам и за среќа го пронајдов. Потоа излеговме на суд, замислете Обвинителството ми рече дека нема што да правиме бидејќи досега има 30 кражби, на тоа јас одговорив за да биде осуден дали треба да има 300 кражби?“, стои во објавата на кичевецот на ФБ.
Тој тврди дека не добил одговор на ова прашање од надлежните.
„Па на тоа не добив одговор, за потоа пак ми влезе да краде и го фатив на лице место, па мораше да го тепам додека не се измоча, за жал не го утепав. Ете драги мои, човекот после 30-40 кражби не беше процесуиран, па дојдовме до ситуација да убие двегодишно девојче. За жал сега е касно“, се дополнува во објавата на кичевецот Самир на ФБ.