Убиените деца во косовскиот автобус биле средношколци во медицинско училиште

by Fokus

Три лица загинаа синоќа во пукање што се случи околу 19 часот во близина на селото Глоѓане во општина Дечани на Косово и Метохија.

Потврдено е дека во престрелката животот го загубил возачот на автобусот Гани Ѓокај, како и учениците од село Глоѓане – девојчето Л.Х.(19) и момчето Ѓ.М.(17), инаку ученици во средно медицинско училиште.

Од девојчето на Фејсбук се простил класниот раководител.

„Проклет да си, криминалецу, кој го уби мојот ученик. Сочувство до семејствата на сите убиени вечерва“, напиша таа.

Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Фадил Гаши, изјавил дека во автобусот во моментот на пукањето имало осум патници, јавува „Клан Косова“.

Ранетите патници се префрлени во болницата во Пеќ, но од здравствената установа не соопштуваат колку лица се повредени.

Поврзани новости