Модерна ќе развива бустер доза за новооткриениот сој омикрон

by Fokus 09:15
09:15

Компанијата Модерна денеска објави дека има намера да развие бустер доза на вакцина против Ковид-19 специјално насочена кон новиот сој омикрон, откриен во Јужна Африка и кој Светската здравствена организација го опиша како „загрижувачки“.

-Модерна брзо ќе развие кандидат за вакцина за бустер доза специфична за сојот омикрон, се вели во соопштението на американската компанија.

Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) денеска го класифицираше новиот сој на Ковид-19, откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки“ и високо пренослив вирус, именувајќи го омикрон.

Во истата категорија е и сојот делта, кој стана најраспространет во светот.

Бројни земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, ЕУ и други, воведоа ограничувања за патување од земјите во јужна Африка поради новиот сој на коронавирусот.

Поврзани новости