666
Рускиот новинар Аркадиј Бабченко, за кого се јави дека е убиен во Киев, е здрав и жив. Бабченко попладнево се појави на прес конференција на украинската државна телевизија. Шефот на украинската безбедносна служба Васил Хритсак рече дека „убиството “ било исценирано за да се разоткријат руски агенти.
„Според информациите кои ги добивме, убиствотот на новинарот Бабченко било нарачано од самитите руски безбедносни сили“, вели Хритсак.
Сопругата на Бабченко претходно рече дека нејзиниот сопруг е убиен од зад грб додека го напуштал станот. По се изгледа дека новинарот не и кажал на сопругата дека убиството е исценирано.