Иванов не прифаќа ерга омнес

by Fokus 17:20
17:20

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов не прифаќа решение за името да биде ерга омнес, за севкупна употреба.

„Ставот на Претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека Претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“ – велат од Кабинетот на Иванов.

- Advertisements -

За утре е закажана средба на шефот на државата со министерот за надворешни работи на која Иванов ќе биде информниран за последните случувања во процесот за името.

Поврзани новости