Најмалку 22 луѓе биле убиени, а околу 59 ранети во експлозија пред арената во Манчестер, соопштила британската полиција. Се верува дека станува збор за бомбаш самоубиец.
Нападот се случи на крајот на концертот на американската ѕвезда Аријана Гранде во големата концертна сала во која собира 20.000 луѓе.
Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија околу 21 часот и 45 минути по локално време во моментот кога луѓето излегувале од Манчестер Арената каде што американската поп пејачка Аријана Гранде имала концерт.
Една од сведоците за Ројтерс изјави дека по експлозијата сите почнале да бегаат и оти настанала хаотична ситуација.
„Излегувавме од концертот низ вратите, но бевме на погрешна врата и и реков на сестра ми да одиме на други врати. Одејќи натаму слушнав експлозија, по што почнавме да трчаме до хотелот. Слушав врискање, луѓето плачеа, насекаде сите трчаа. Комплетно лудило“.