Убиени четворица владини службеници во Кабул

by Fokus

Непознати вооружени лица убија денеска четворица владини службеници во центарот на Кабул, објави ДПА.

Портпаролот на полицијата во Кабул, Фердоус Фарамарц изјави дека вооружени лица отвориле оган врз возило во движење, во кое се наоѓале вработени службеници од Министерството за обнова и развој на рурални региони, при што загинале четворица од нив.

Во авганистанскиот главен град речиси секојдневно се извршуваат напади во утринските часови кога е најфреквентно и луѓето одат на работа, особено врз познати и влијателни Авганистанци, вклучувајќи политичари, новинари, активисти, судии и религиозни научници.

Во друг напад е повреден еден цивил, откако врз владино возило била фрлена бомба, соопшти полицијата.

Поврзани новости