Убиен истражувачки новинар во Словачка и неговата девојка

by Fokus

Истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка се убиени во неговиот стан, изјави шефот на словачката полиција Тибор Гашпар.

– Тој и неговата девојка се пронајдени мртви во неделата вечерта во неговиот стан во градот Велка Мача, источно од Братислава. Полицијата реагирала откако била алармирана од член на семејството на новинарот. Убиството најверојатно е поврзано со неговите истражувачки активности. Во Словачка никогаш не се случил таков напад врз новинар – истакна Гашпар.

Дваесет и седумгодишниот новинар Куциак работел за новинарскиот сајт „Актуалне.ск“, а пишувал за затајување на данок.

Поврзани новости