Убиен градоначалник во Филипини додека ја пеел националната химна

by fokus

Градоначалникот на Танауан на Филипини, Антонио Кондо Халили денеска е убиен за време на церемонијата на кревање на знаме.

Се претпоставува дека Халили е погоден само од еден куршум додека заедно со над 100 службеници и новоизбрани лидери ја пееше националната химна на паркинг пред градското собрание, а потоа напаѓачот побегнал.

Халили е познат по тоа што ги принудуваше осомничените за продажба на дрога да шетаат низ улиците на градот.

Градоначалникот Халили беше обвинуван дека и тој е поврзан со дилерите на дрога.

Поврзани новости