Убиен директорот на најголемата компанија за здравствено осигурување во САД

by fokus

Извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, најголемата здравствена компанија во САД е застрелан и убиен утрово во како што рече полицијата “дрзок и насочен напад” надвор од хотелот во Менхетен, каде што компанијата за здравственото осигурување одржуваше конференција за инвеститори, објави АП.

Педесетгодишниот извршен директор бил застрелан околу 6:45 часот наутро додека одел сам до хотелот. Напаѓачот како “да чека неколку минути” пред да му се приближи на Томпсон од позади и да отвори оган, изјави комесарот на полицијата на Њујорк Џесика Тиш. Полицијата сè уште не го утврдила мотивот.

Според информациите, Томпсон бил застрелан во градите и веднаш по нападот е пренесен во болница, каде што е констатирана смрт.

Во моментов, како што пренесуваат медиумите, во тек е голема потрага по осомничениот напаѓач кој сè уште е во бегство.

Актуелен гувернер на сојузната држава Минесота, Тим Волц, веста за убиството, ја нарече страшна.

„Ова се ужасни вести и страшна загуба за деловната и здравствената заедница во Минесота. (Државата) Минесота ги испраќа нашите молитви до семејството на Брајан и тимот на ‘Јунајтедхелткер’“, напиша Волц на социјалните мрежи.

Поврзани новости