546
Мртов маж бил пронајден утрово во семејна куќа во близина на „Касарна“ во Гевгелија, информираа од МВР.
Според полицијата, со повреди во пределот на главата е пронајдено безживотното тело на 41-годишниот гевгеличанец Б.Р.
На терен во тек се истражните дејствија што ги спроведуваат судски вештаци и обвинителка од судот во Велес.