Дирекцијата на грчката Противпожарна служба за справување со криминал со подметнување пожари, вчера уапси 64-годишен маж под сомнение дека од небрежност го предизвикал пожарот во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика.
Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека за уапсениот веќе е известен јавен обвинител и потсетуваат на мерките и упатствата што треба да ги следат граѓаните за периодот во кој постои опасност од пожари.
Вчерашниот пожар во Мегара, изби кусо по 13 часот, а попладнето беше ставен под контрола.
Во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптери, а генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас итно замина во предградието, кусо откако изби пожарот.