Кавадарчанец тешко повреден откако се забил во дрво со „Ровер“

by fokus

55-годишен кавадарчанец е тешко повреден откако управувајќи со возило марка „ровер“ излетал од патот и се забил во дрво, соопштија од полицијата.

„На 21.07.2019 околу 22.00 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта, К.Г.(55) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Г. и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци“, соопштија од МВР.

Поврзани новости