460
Службеници на Дирекцијата за справување со криминалот со подметнување пожари и истражни службеници од Противпожарната служба на Грција, уапсија 64 годишен Грк за пожарот на грчкиот остров Евија што изби вчера во 14.15 по локално време, а се уште не е ставен под контрола.
Уапсениот, како што соопштуваат од Противпожарната служба на Грција, пожарот, веројатно го предизвикал со употреба на оган за да ги запали остатоците од култивациите во околината на неговиот дом, а денес ќе биде изнесен пред јавен обвинител.
Надлежните служби работат на откривање на причините за двете други жаришта на островот Евија.