Пријавениот Д.С. во текот на месец февруари 2018 година, во својство на службено лице, распореден со Наредба, државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи, носител на безбедносен сертификат “државна тајна”, одал службена тајна на лице кое било предмет на посебни истражни мерки, соопштија од МВР.
Според МВР, тој со намера да спречи обезбедување докази за водење на кривична постапка, откако со пречекорување на службените овластувања прибавил службена тајна, класифицирана како “Строго доверливо”, наведена во две Наредби за примена на посебна истражна мерка, издадени од Основен суд Скопје 1 Скопје, за примена на мерка по член 252, став 1, точка 1 и член 252, став 1, точка 3 од Законот за кривична постапка, договорил средба со осомничената во некоја здравствена установа.
Иако Наредбите за нејзино опсервирање б биле во тек на спроведување, над за него познато лице, на ден 26.02.2018 година во просторија на здравствена установа во Скопје, на средба со лицето над кое се применувале посебните истражни мерки, на директен начин и ја пренел службената тајна.
Тој и потенцирал дека над нејзе е во тек примена на посебна истражна мерка што е причината за нивната средба и тоа посебна истражна мерка со која и се следат сите нејзини телефонски броеви и дека над истата се применува мерка следење, предупредувајќи ја да престане да го прави тоа што го прави и да биде внимателна.
Тој исто така и кажал и дека во текот на наредните денови може да биде применета и друга мерка со користење на прикриен агент (андер кавер агент), при тоа свесен за оддавањето на службената тајна побарал од лицето да не го споменува дека од него е добиен податокот дека над истата се спроведуваат посебни истражни мерки.
-На овој начин пријавениот нанел штета на постапката која што се водела над ова лице попречувајќи да се обезбедат докази битни за таа постапка, со што го сторил кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување, предвидено и казниво по член 353 од КЗ, соопшти МВР.