652
Неколку цариници и надворешни соработници кои не работеле на Царина се уапсени денеска во акцијата што ја спроведе полицијата. Меѓу уапсените се и раководители на царински испостави.
Првичните информации се дека тие се сомничат за злоупотреба на службената должност, односно дека цариниците за себе присвојувале предмети од привремено одземената стока на скопскиот аеродром.
„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со портпаролот на МВР, Иво Котевски за да ни ги потврди овие информации, но тој не одговараше на неговиот мобилен телефон.