Уапсени тројца стружани, се раскарале во кафич па го демолирале

by fokus

Полицијата приведе тројца стружани на возраст помеѓу 24 и 36 години откако се раскарале вчера вечерта во кафе бар на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, по што почнале да го кршат инвентарот.

„На 03.08.2019 во 08 ч. било пријавено дека во Струга на улицата „15-ти Корпус“, во кафе бар лицата С.Б.(33), Д.А.(36) и И.И.(24) сите од Струга, започнале расправија, а потоа почнале да го кршат инвентарот во кафе барот. Од страна на полициски службеници лицата биле приведени во Полициската станица Струга за понатамошна постапка“, соопштија од МВР.

Поврзани новости