Уапсени тројца албански државјани во Струга и запленети 60 килограми марихуана

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека е пресечен уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени три лица, албански државјани.

„На 22.12.2018 година во 01,40 часот на магистрален пат Струга-Ќафасан во близина на с. Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. (56), Е. Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Република Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната. Од страна на полициски службеници извршен е преглед на лицата и кај нив се пронајдени и одземени седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана. Во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија“, велат од МВР.

Поврзани новости