апсени трите лица за бруталниот напад врз 14-годишник во ЧентоПолицијата ги уапси трите лица осомничени за бруталниот напад врз 14-годишно момче во скопската населба Ченто, при што жртвата беше претепана и повеќепати избодена со нож.
Според информациите, инцидентот се случил откако малолетникот бил повикан да се сретне со познаници во парк, каде наместо нив се појавиле тројца возрасни лица кои веднаш започнале со физички напад. Тој бил претепан, а потоа избоден неколку пати и оставен повреден на местото.
Случајот го потврди МВР, од каде информираат дека осомничените се лишени од слобода и дека по целосно документирање ќе биде поднесена кривична пријава.
Жртвата е пуштена на домашно лекување, но семејството наведува дека сè уште живее во страв и бара случајот да се третира како обид за убиство.