МВР информира дека денеска околу 07 часот на регионален пат во близина на Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(23) од Сингелиќ, Скопско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал биле пронајдени 23 лица мигранти, од кои 17 од Пакистан и 6 од Сирија.
Од слобода биле лишени и Д.С.(32) и Д.П.(36), двајцата од Богданци, поради постоење основано сомнение дека со возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле претходница на возилото „мерцедес“.
Мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.