Истрага и во стрелиштето каде што вежбал Коста Кецмановиќ со неговиот татко

by Fokus

Вишото јавно обвинителство во Белград истражува одговорност и на стрелиштето каде што В.К.(48) и неговиот 13-годишен син Коста вежбале стрелање, потврдуваат српските надлежни служби, јавуваат медиумите кај северниот сосед.

За да се утврдат сите околности поврзани со работата и делувањето на Стрелачкиот клуб „Партизан“ полицијата добила наредба да ги собере потребните информации.

Српските медиуми пишуваат дека се утврдува дали со некој внатрешен акт се пропишани условите за користење на услугите на овој стрелачки клуб, дали е дозволен или забранет пристап за малолетници и слично.

Треба да се утврди и дали докторот В.К. е еден од корисниците на Стрелачкиот клуб „Партизан“, дали тој и неговиот син се обучени за ракување со огнено оружје, дали В.К си носел сопствено огнено оружје при пукањето, како и дали неговиот син исто така го употребил тоа оружје во стрелиштето.

Потребно е да се утврди колкупати В.К и неговиот син ги користеле услугите на стрелиштето, дали наведеното момче доаѓало само или во придружба на родителите, дали се занимавале со стрелачки спортови и дали имале обврска да достават лекарско уверение за користење на услугите за рекреативно или спортско гаѓање.

Обвинителството наложило да се утврди дали Стрелачкиот клуб „Партизан“ е дел од Стрелачкиот сојуз на Србија и доколку е, тогаш претставникот на Сојузот треба да се изјасни за сите нему познати околности во врска со работата и на овој стрелачки клуб.

Се вршат проверки и која здравствена установа му издала на В.К. потврда за здравствена способност за набавување и држење оружје, дали има обврска за обновување на тоа одобрение, и како надлежниот орган оценил исполнување на сите услови предвидени со Законот за оружје.

Коста (13) за време на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар уби 10 лица, меѓу кои 9 деца и обезбедувачот во институцијата.

Поврзани новости