Уапсени пет лица во Скопје кај кои е пронајдена дрога

by fokus

Полицицијата вчера уапси пет лица во Скопје поради поседување на марихуана и прашкаста материја. На булеварот „Гоце Делчев“ се уапсени четири лица, двајца на возраст од 28 години, двајца на возраст од 41 година.

„На 16.09.2019 во 11.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Гоце Делчев“, ги лишиле од слобода Е.Ж.(41), С.Р.(28), С.И.(41) и А.Ќ.(28), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени прашкаста материја и марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Еден час подоцна полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ј.А.(48) од Скопје, затоа што при извршен преглед и кај него била пронајдена прашкаста материја.

Поврзани новости